Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Одбележан 8 мај, Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина

Светскиот Ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, 8 мај, е роденден на нашиот основач Анри Динан, и тој ден претставува годишно одбележување на Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина. Секоја година, Националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина организираат активности за промовирање на посебната улога на Движењето во своите земји.

Црвен крст на Република Македонија со поддршка на Црвен крст на град Скопје, централниот настан за одбележување на овој значаен датум го реализираше во просторот на ресторант Рагуза 360. Во преполната сала, многубројни гости, донатори, поддржувачи и соработници, волонтери и вработени го проследија обраќањето на претседател на Црвен крст на РМ Ромел Велев, Ејуп Рустеми, директор на Македонски пошти, како и Јасмина Буцевска, Директор на Самостојна дирекција за маркетинг во Комерцијална банка АД Скопје. Посебно задоволство беше присуството на општинските организации на Црвен крст и корисниците од дневните центри во кои се имплементира проект за поддршка и социјализација на лица со посебни потреби поддржан од Комерцијална банка.

Вториот дел од настанот беше збогатен со настап на волонтерите од клуб на млади на Црвен крст на град Скопје, балетското студио „Еурека“ со изведба на корео драма со мотото # Лубов, посветена на Црвен крст, по сценарио и режија на Снежана Конеска Руси. Преку инклузивен пристап, дел од сценскиот настап беа и корисниците од Дневниот центар за церебрална парализа.

Оваа година ја одбележуваме и 100-годишнината од Меѓународна федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина. Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина претставува глобална и независна мрежа од околу 11.6 милиони активни волонтери и 450.000 вработени и работиме во заедниците во повеќе од 190 земји во светот. Нашите волонтери и вработени се од целиот свет и обезбедуваат разновидна помош за околу 160 милиони луѓе

09.05.2019 1

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10:00 до 17:00 часот
Сабота од 09 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE