Одбележување на Недела на грижа за стари лица

По повод одбележување на Недела на грижа за стари лица, во организација на стручната служба на Центарот за поддшка на лица со оштетен вид при Црвен крст на град Скопје на 23.12.2017 се реализираше посета на Геронтолошкиот Завод „13 Ноември“. Во посетата беа вклучени ученици од училиштето за деца со оштетен вид ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ заедно со корисниците на дневните центри за стари лица, волонтерите и стручната служба при Црвен крст на град Скопје.

Целта на посетата на штитениците на Геронтолошкиот завод беше да им се приреди една исполнета и корисна дневна рутина, исполнета со презентација, поезија и музика. На настанот се одржа презентација за функционирањето на проектот на „УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“ и социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“. Потоа, ученичката од училиштето „Димитар Влахов“ Јована Трајчевска рецитираше песни од нејзината стихозбирка „Тајните на моето срце“ и ученичката Валентина Донева испеа неколку песни. Воедно, двете кориснички на центарот за стари лица и волонтерите ги поделија сликите и колачите направени за штитениците на Заводот.

Со оваа активност се поттикнува волонтирањето кај слепите, слабовидните и старите лица, активното стареење и меѓугенерациска соработка на старите со младите волонтери. Воедно се мотивираат корисниците на двата центри да прават активности за помош на други ранливи групи во нашата заедница, односно да бидат активни чинители во општеството.

Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се реализира во рамките на проектот на „УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.

24.11.2017 3