Проектите изработени од учесниците се највидлив (мерлив) резултат од ЦКА-ПХВ програмата. Преку нив се постигнуваат две цели на проектот: усвојување активни знаења и промовирање активен пристап кон животот.
Во период од три месеци младинците треба да направат анализа на потребите во заедницата во која што живеат, да лоцираат проблем, истиот да го анализираат со цел да увидат како можат најлесно да го орстранат или ублажат и на крај да изработат проект со цел решавање на лоцираниот проблем и истиот соодветно да го документираат.
На одредениот датум сите проекти на крај се предаваат во ЦКА-ПХВ канцеларијата при ЦК на град Скопје, а ЦКА-ПХВ колегиумот ги евалуира според предходно зададените критериуми:
Фаза 2 - документирана идеја,
Фаза 3 - документиран обид за реализација
Фаза 4 - успешна реализација,
Фаза 5 - успешна реализација со долга акција и силен ефект
Лидерите на најуспешните проекти потоа се поканети да учествуваат на ЦКА-ПХВ финална работилница, со што стануваат потенцијални инструктори (после одредена процедура) или учесници на меѓународни семинари.
- Проекти Брошура Национален циклус 2013
- Проект брошура Национален циклус 2012 година
- Проекти брошура општина центар и МКЦК 2011
- Проекти брошура национален циклус 2011