Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Финална работилница

f_rabotilnica

На крајот на овие сесии сите ученици се охрабруваат да создадат, изработат и документираат свои мали проекти (кои можат да бидат индивидуални или пак во група), а авторите на најдобрите проекти се канат да присуствуваат на “Финалната работилница” која се оджува еднаш годишно, на крајот од секој циклус. 

Важен елемент на проектот се работилниците кои им пружаат можност на млади луѓе од различно религиозно, национално и социјално потекло заедно да ги изучуваат културата како систем од вредности, комуникациските техники и Движењето на Црвен крст преку интерактивен (поврзување на знаењата со секојдневниот живот) пристап. Проектот исто така ги вклучува учениците во вежби кои ја намалуваат можноста за развој на такви ставови и однесување кои

На секоја “ЦКА-ПХВ Финална работилница” присуствуваат околу 40 учесници од целата земја и истата трае три дена. можат да доведат до недоразбирање и конфликти, а ги афирмира позитивните културни вредности. Проектот не ги принудува младите од различни етнички заедници да бидат пријатели, ниту пак ги поттикнува учениците да заборават кои се, или да ја прифатат културата на другите, туку едноставно ја зголемува нивната свест за
 културата како систем од вредности, преку промовирање толеранција, меѓусебно разбирање и почитување на разликите. 


Дел од вежбите кои се користат на работилница:

- Вежбата позната како Жив јазол се изведува на почеток на работилницата. Ученици, кои дотогаш малку или воопшто не се познавале се организирани во групи и од нив се бара да се фатат за рака, да се измешаат, а потоа да се отплеткат без да си ги пуштат рацете. 

- За вежбата Племиња се формираат четири групи составени од ученици од различно етничко, социјално и верско потекло. Секоја група создава своја “култура” и ја претставува пред другите. Во текот на вежбата се појавува Господар на универзумот кој поставува услов според кој групите за да преживеат мора да преговараат со цел да прифатат еден од племенските модели без можност за компромис. Доколку не се договорат планетата ќе биде уништена. Со тоа се развива свеста за културата како комплексен систем од вредности. На крајот на вежбата учениците преку разговор сфаќаат колку е тешко да се откажеш од своите и да ги прифатиш туѓите вредности без разлика што се создадени за многу кратко време.

- Во сесијата за комуникација и комуникациски техники вклучени се и вежби преку кои учениците полесно ги препознаваат и изучуваат истите. 

- Кога го подготвуват своето ТВ Шоу учениците се поттикнати да ги употребат сите знаења стекнати на работилницата. Дел од учениците подготвуват кратка пиеса под наслов Погодете кој доаѓа на вечера која говори за девојка која сака да стапи во брак со лице од друга култура. Учениците сами ги создаваат дијалозите, решението и декорот. 

- Како последна се работи вежбата Не лути се човеку. Учениците преку натпревар и забава ги повторуваат новостекнатите знаења и уште еднаш ја сваќаат важноста од тимска работа.

Најдобрите учесници на оваа Финална Работилница се тестираат за познавање на странски јазици и потоа се испраќаат на меѓународни летни кампови за млади.

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
08:00 до 15:00 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE