Пребарувај по датум:

Програма за помош на мигранти/бегалци во РСМ

Црвен крст на град Скопје преку мобилните тимови на терен дава поддршка со медицинска и хуманитарна асистенција на мигрантите и бегалците кои ќе се во Привремено – Транзитните центри за бегалци/мигранти во Табановце-(Куманово) и Винојуг-(Гевгелија), ирегуларните мигранти во Лојане и Ваксинце и Прифатниот центар за странци – Гази Баба,  како и намалување на ранливоста на бебињата, децата, мајките, старите лица и лицата со посебни потреби. Зајакнување и координирање на активности заедно со сите вклучени владини и невладини организации кои работат на терен.

Програма за помош на мигранти/бегалци во РСМ

Црвен крст на град Скопје е присутен на терен со 24 часа во центрите во Винојуг, Табановце и Лојане/Ваксинце со екипи за прва помош и екипи за логистичка поддршка. Тимот кој е ангажиран на е составен од медицински тим, логистички тим, тим за дистрибуција како и тим за служба барање. Мобилен тим Липково при Црвен Крст на Град Скопје во соработка со донаторите и  партнерите, со имплементација на проектот за хуманитарна асистенција на ирегуларната миграција по должина на зелениот појас на северната граница на Република Македонија. Мобилниот тим Липково согласно поставените цели, покрај хуманитарниот пристап кон мигрантите, се стреми кон градење доверба со локалното население, отварање на клубови на млади во основните училишта во неколку села во Општина Липково, одржување на работилници во соработка со Граничната полиција,  подигнување на свеста за присуството на мигрантите, како и кон помагање на социјално ранливите семејства во општината во вид на прехранбени и непрехранбмени продукти.

Во соработка со Министерството за внатрешни работи во Прифатниот центар за странци – Гази Баба, Црвен крст на град Скопје обезбедува примарната здравствена заштита, триажа на мигрантите во центарот и посредување на секундарно и терциерно ниво. Се обезбедуваат потребни лекови на неделна основа и хуманитарна помош во прехранбени и непрехранбени продукти.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.