Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦА СО ОШТЕТЕН ВИД

ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦА СО ОШТЕТЕН ВИД

Центарот за поддршка на лица со оштетен вид при Црвен крст на град Скопје пружа секојдневна поддршка на лицата со оштетен вид како што се: професионални тренинзи за вработување, мобилност, пристап до сервиси и лобирање. Центарот за поддршка е социјален сервис наменет за подигање на капацитетите на лицата со оштетен вид и е отворен секој работен ден од 09:00 до 17:00 часот, а се наоѓа во просториите на Црвен крст на Република Македонија.

Целта на активностите во Центарот за поддршка е лицата со оштетен вид да го унапредат квалитетот на нивните животи со едукативни работилници, психолошки советувања за лицата со оштетен вид и нивните семејства, процес на социјализација, административна поддршка за реализација на нивните права, превенција од заболувања и подигање на свеста за потребите на лицата со оштетен вид.

Првиот вид на поддршка кој е понуден на корисниците на дневна основа е регуларно психолошко советување, социјализација, споделување на информации и совети во врска со инклузија и користење на социјалниот и здравствен систем за грижа во Р. Македонија на лицата со оштетен вид и нивните семејства.

Вториот вид на поддршка кој се нуди е за развој на кариерни вештини со цел да се оспособат слепите и слабовидните лица да работат во професионална околина. Овој тип на поддршка вклучува: а) развој на основните вештини, како: ориентација, готвење и јадење, лична нега и хигиена, независно секојдневно функционирање; б) Центарот за поддршка нуди регуларни курсеви за развој на кариерни вештини, како што се: читање и пишување на Брајово писмо, користење на компјутери и технологија, и инаку недостапни едукации за нив како безбедност и прва помош, поезија, курс по англиски јазик, комуникациски и административни работи, односно сите нешта кои ќе ги оспособат лицата со оштетен вид да бидат покомпетитивни на пазарот на трудот. Исто така, Центарот за поддршка ќе работи корисниците да ги развијат меките вештини, како што се: пишување на CV (кратка биографија), мотивациско писмо, конкурирање за работа итн. Успешни приказни на лицата со оштетен вид ќе бидат презентирани на корисниците за да ја подобрат нивната мотивација.

Како трет вид на поддршка на Центарот е да служи за поврзување на јавниот и приватен сектор со цел да се бараат можности за вработување на корисниците преку посети на компании, јавни настани и кариерни саеми.

Корисниците активно можат да придонесуваат кон развивањето на програмската содржина на активностите. Целта е да се тренираат и охрабруваат лицата со оштетен вид да бидат способни активно да учествуваат во секојдневниот живот, јавните проблеми и да бидат вешти да ги решаваат проблемите и подобруваат нивните животни стандарди.

Центарот за поддршка на лица со оштетен вид при Црвен крст на град Скопје се реализира во рамките на Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот.

dejnosti 1

dejnsoti 2

dejnosti 3

dejnosti 6

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.