Пребарувај по датум:

Социјално Хумантирана Дејност

Социјално хуманитарната дејност во Црвен крст на град Скопје претставува активност преку кој се допира преку најранилие категории на население на територијата на градот Скопје. Таа ги опфаќа сите програми и проекти кои работат со различни целни групи и преку тие истата се развива. Оваа дејност ги опфаќа и сите оние лица кои не се проектно или програмски опфатени а имаат потреба од Црвениот крст.

Социјално Хумантирана Дејност

ТИМ ЗА ПАТРОЛНА СОЦИЈАЛНА РАБОТА

За погоре наведените лица функционира Тим за Патролна Социјална Работа. Во овој тим работат социјални работници и/или психолози практиканти кои тука имаат одлична можност да учат за социјалната работа на терен, но истовремено да бидат нечија најважна поддршка. Тимот за патролна социјална работа е во постојана комуникација со лица во ризик кои се обраќаат во ЦКГС за хуманитарна помош, или се дојавени од некоја  институција(институции на државниот систем, невладини организации и сл.). Активностите подразбираат и теренска работа, која се однесува на посети на социјално загрозени лица и семејства, каде што се прави проценка и според тоа се одлучува како може да се помогне на лицето/та.  Помошта може да биде во вид на храна, хигиена, облека, лекови или доколку е потребно психо-социјална поддршка, како и насочување на лицето до одредена институција. Преку оваа служба се остваруваат правата од системот на социјална и здравствена заштита кои ги нуди државата за лица во ризик.

Приемни денови на одделот се понеделник и петок од 09:00-16:00ч.

Останатите денови тимот работи на теренски проценки и
административни услуги.

РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ НА ОДДЕЛОТ

  • Проект за штитениците од прифатен центар за бездомни лица – Чичино село – МТСП
  • Проект за социјална инклузија и материјална поддршка на самохрани мајки за нивно сместување – Сава Осигурување
  • Проект Превземи акција за подобра конкуренција на пазарот на труд – ЕУ
  • Сподели и Донирај – ДелКо
  • Поддршка на деца на улица –УНИЦЕФ
  • Заедно до дома – Студио Модерна

Контакт – skopje-socijala@redcross.org.mk

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.