Àðõèâà
 Âåñòè 2007
 Âåñòè 2008
   

 

 

 

 

 
Вести 2007

02-03-2007

Црвен крст на град Скопје, традиционално, во рамките на теренска настава по предметот Социјална медицина спроведува дисеминациска обука на студентите од Медицински и Стоматолошки факултет.


Гости од Женева, Босна и Херцеговина и Шпанија

Месецот март беше месец кој за проектот ЦКА-ПХВ беше полн со настани и активности. Во текот на овој месец беа одржани преостанатите две редовни ЦКА-ПХВ работилници за овогодинешниот циклус. Првата работилница беше одржана во периодот од 9 до 11 Март и на истата беа присутни гости од Женева, а втората се одржа од 23 до 25 Март, со гости од НД на Босна и Херцеговина и претставници од Шпанскиот Црвен крст во Босна и Херцеговина.

02-03-2008

Од вкупно 1189 младинци од цела Македонија, кои се приклучија на ЦКА-ПХВ циклусот, оваа година изработија 77 малечки проекти за добробит на заедницата во којашто живеат. 45-те од нив се издвоија со својата активност и посветеност во изработката на проектите и беа повикани да присуствуваат и земат учество на финалната работилница за 2007 година.

15-03-2007

За првпат Црвен крст на град Скопје беше дел од националната кампања Безбедност во сообраќајот како институција која со своите материјални и човечки капацитети може, а и сака да даде свој придонес во реализација на истата.

02-03-2007

ЦКА-ПХВ освои уште една земја. Во периодот од 13 до 19 Јануари беше започната имплементацијата на ЦКА-ПХВ проектот во Р. Албанија. Во текот на почетната фаза направена е посета на шест ООЦК : Скадар, Корча, Тирана, Берат, Драч и Елбасан, во кои беа направени еднодневни ЦКА-ПХВ работилници. На секоја работилница беа присутни по 30 младинци.

22-04-2007

За првпат Црвен крст на град Скопје беше дел од националната кампања Безбедност во сообраќајот како институција која со своите материјални и човечки капацитети може, а и сака да даде свој придонес во реализација на истата.



И еве не повторно на почетокот на една нова школска година, а со тоа и на почетокот на уште еден нов ЦКА-ПХВ циклус. И оваа година, исто како и во минатата, во имплементацијата на проектот ни се придружуваат голем број на млади луѓе од сите ООЦК во Македонија. Во текот на овој циклус ќе бидат реализирани четири редовни работилници, две во есенскиот период и две во пролетниот период, и една финална работилница во почетокот на месец мај како заокружување на сето она што заеднички ќе го постигнеме во циклусот кој ни претстои.

02-03-2008

ЦКА-ПХВ освои уште една земја. Во периодот од 14 до 25 Февруари беше започната имплементацијата на ЦКА-ПХВ проектот во Босна и Херцеговина. Во текот на почетната фаза направена е посета на седум ООЦК :Брчко, Луковац, Орашје, Модрича, Фоча, Горажде и Требиње, во кои беа направени еднодневни ЦКА-ПХВ работилници. На секоја работилница беа присутни по 30 младинци.

02-03-2007

На 21.09.2007 беше одржана ЦКА-ПХВ презентација пред колегите од Националното Друштво на Р.Бугарија во Софија. Презентацијата се одржаа на нивно барање заради заинтересираноста за нашата програма.


ÂÈÄÅÎ ÌÀÒÅÐÈ£ÀËÈ

This text will be replaced

 

 
 
 
 
 
    Copyright  Redcross-Skopje © 2008. All Rights Reserved