Пребарувај по датум:
2019-11-07

Активности со корисниците од центарот за церебрална парализа

Активности со корисниците од центарот за церебрална парализа

Активности со корисниците од центарот за церебрална парализа

Во рамките на активностите поддржани од Komercijalna Banka AD Skopje волонтерите од клуб на млади при Црвен крст на град Скопје заедно со корисниците од центарот за церебрална парализа реализираа активности во насока на социјализација и дружење. Во Кинотека на Македонија го гледаа документарниот филм ,,Медена земјa’’.
А пак водени од изреката Во здраво тело, здрав дух повторно ја посетија теретаната во Sky Wellness, вежбаа и уживаа. Дружењето со волонтерите, но и самото тоа дека прават нешто поразлично придонесе корисниците да бидат среќни и весели.

Активности со корисниците од центарот за церебрална парализа

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.