Пребарувај по датум:
2019-08-08

Активности за намалување последици од топлотен бран

Активности за намалување последици од топлотен бран

Тимот за одговор при катастрофи на Црвен крст на град Скопје, како дел од Единицата за дејствување и одговор при катастрофи, секоја година активно се вклучува во активностите за намалување на последиците од топлотните бранови на територија на град Скопје и околината, со цел заштита на населението и подигање на свеста за навремено превенирање на истите како штетни по здравјето на луѓето. Поради високите темпратури во претстојните денови, во периодот од 07 август до 14 август, Црвен крст на град Скопје со поддршка од Град Скопје е на терен со 3 мобилни тимови кои делат вода на граѓаните затекнати на сончеви и топли места во најтоплиот период од денот. Дополнително во случај на потреба мобилните тимови пружаат и прва помош, доколку некој од граѓаните има потреба од истото или вршат евентуален транспорт до медицинска установа. Црвен крст на град скопје, апелира до сите граѓани да ги почитуваат препораките во случај на високи температури, да се избегнува движење во периодот од 10:00 – 17:00 часот со цел превенција од несакани последици по здравјето.

 

 

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.