Пребарувај по датум:
2019-09-30

“Дефилирај, не се фолирај!” – “Defilo, mos u shtir!”

“Дефилирај, не се фолирај!” - “Defilo, mos u shtir!”

Вчера во главниот град, 500 лица дефилираа, носеа пораки за мир, разбирање, почит, толеранција, вклучување и на тој начин ја одбележа неделата на Промоција на хумани вредности. Секоја година во рамките на програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) се одбележува неделата, од 21 до 27 септември. Оваа година се организираше ПХВ дефиле  кое се реализираше на 25 септември со почеток во 11.00 часот. Мотото на дефилето беше “ Дефилирај, не се фолирај!Defilo, mos u shtir!.

Учесниците се движеа по бул. Илинден до „Школка“ во Градски парк каде имаше и програма за учесниците на која се обрати претеседател на Црвен крст на Северна Македонија и Националниот координатор на ПХВ програмата.

Рутата беше во должина од 2 км и за време на дефилето, учесниците ги придружуваше Градскиот орекестар. Со звуците на музиката се движеа волонтери, млади, лица во трето доба, лица со попреченост…заедно во името на хуманоста.

Пред дефилето беа организирани низа креативни работилници на кои се исработуваа пораки и транспаренти, со различни целни групи со кои работиме во текот на целата година.

Оваа активност на територија на градот Скопје беше спроведена во координација и сорабостка со сите Општински организации на територија на градот- Карпош, Гази Баба, Чаир, Центар и Кисела Вода.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.