Пребарувај по датум:
2019-08-16

Дисеминација за волонтери и практиканти

Дисеминација за волонтери и практиканти

На 16 август се одржа дисеминациска сесија за новите волонтери, практикантите и помагателите ангажирани во различни програми во Црвен крст на град Скопје. На обуката присуствуваа вкупно 6 лица и истите добија обука за историјатот на Црвениот крст, принципите на Црвениот крст, компонентите како и структурата на Црвен крст на РМ и полиња на дејствување.  Акцентот беше ставен на Женевските конвенции бидејќи оваа година одбележуваме 70 години од нивното усвојување. Истите претставуваат хуманитарни правила кои мора да се почитуваат за време на војни. До денес Конвенциите ги имаат ратификувано 196 земји меѓу кои и сите земји членки на ОН.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.