Пребарувај по датум:
2019-08-22

Дисеминација за вработени, 70 години Женевски конвенции

Дисеминација за вработени, 70 години Женевски конвенции

На 22 август се одржа дисеминациска сесија за вработените во Црвен крст на град Скопје . На обуката присуствуваа вкупно 11 лица и истите добија освежување на своите знаења за историјатот на Црвениот крст, принципите на Црвениот крст, компонентите како и структурата на Црвен крст на РМ и полиња на дејствување.  Акцентот беше ставен на Женевските конвенции бидејќи оваа година одбележуваме 70 години од нивното усвојување на 12 август 1949 година. Истите претставуваат хуманитарни правила кои мора да се почитуваат за време на војни и кон непријателот. Црвениот крст прави заложби преку редовни дисеминациски сесии за нивно промовирање а со тоа запознавање и почитување на истите.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.