Пребарувај по датум:
2019-08-07

Донација на прехранбени артикли

Донација на прехранбени артикли

Како дел од проектот „Сите сити“ инициран од здружението Ајде Македонија чија цел е искористување на вишоците храна и поттикнување на општествена одговорност, компанијата „Виталиа“ донираше 1400 кг. мусли овесни снегулки, од компанијата „Витаминка“ пристигна донација од 862 кг. артикли од нивниот асортиман како и 2 палети сок 0,25л од ДПТУ КОЛА. Црвен крст на град Скопје, кој е дел од проектот, започна со процесот на дистрибуција преку веб платформата на Сите сити, како и со донација до лица и институции кои имаат потреба од ваков тип помош.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.