Пребарувај по датум:
2019-10-24

Недела на борба против гладта, 16- 22 Октомври

Недела на борба против гладта, 16- 22 Октомври

Црвен крст на град Скопје од 16 – 22 Октомври ја одбележа неделата на борба против гладта во чии рамки се организираше кампањата ,,Помислете и на нас ‘’. Целта на истата беше подигнување на свеста за донирање храна, но и поттикнување на солидарност меѓу граѓаните и компаниите. Поддршка кон кампањата дадоа и вработените од Skopje Marriott HotelIOM SkopjeKnauf Macedonia, Штедилница Фулм, Silk Road Bank / Силк Роуд Банкаи многу други. Традиционално се организираше посета во ОКТА каде вработените секоја година се откажуваат од својот појадок и средствата ги донираат за лицата во ризик. Оваа година, акцијата ја поддржаа и децата од градинката Пиколини кои го посетија штандот на пред х. Мериот и донираа храна заедно со своите учителки.
Од средствата донирани во акцијата ќе се изготват пакети со храна кои ќе бидат дистрибуирани на социјално ранливо население.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.