Пребарувај по датум:
2019-10-21

НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ШЕЌЕРНАТА БОЛЕСТ (10 – 16 октомври) 2019 год.

НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ШЕЌЕРНАТА БОЛЕСТ  (10 – 16 октомври)  2019 год.

Црвениот крст на град Скопје секоја година традиционално се посветува на одбележување на Неделата на борба против Шеќерната болест (10 – 16 октомври) како најчесто ендокринолошко заболување, кое ги засега индивидуите, општествата, градовите и земјите ширум светот и е со тенденција на постојан пораст. За таа цел беа превземени низа на активности со цел да се свеста и информирањето за опасностите кои произлегуваат од оваа болест.

Оваа година вкупно со обука за изведување на постапката на мерење шеќер се стекнаа 23 лица во тек на Неделата на борба против Шекерната болест,  а ниво на шеќер во крвта беше измерено на 224 лицe и тоа во Пунктот за бездомници, Дневните центри за стари лица,Домашна посета кај стари лица,Прифатните центри Винојуг и Табановце како и Мобилните тимови Лојане и Ваксинце

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.