Пребарувај по датум:
2019-09-02

Обезбедување на турнирот “Гази Баба Куп 2019”

Обезбедување на турнирот "Гази Баба Куп 2019"

Во организација на Здружението ”Спорт Јуниор”, a под покровителство на Општина Гази Баба и со поддршка на Фудбалската Федерација на СРМ, Агенцијата за млади и спорт и Амбасадата на Р Словенија се организираше турнирот во мал фудбал за млади категории “ГАЗИ БАБА КУП 2019”. Настанот, на кој учествуваа над 1 400 деца од повеќе земји од Европа,го обезбедуваше Црвениот крст на град Скопје со Општински организации на Црвен крст Центар, Кисела вода и Гази баба со 10 медицински тима (10 доктори и 10 животоспасувачи).

За време на турнирот, кој се одвиваше во периодот од 30.08 – 01.09.2019 год, тимовите на Црвниот крст на град Скопје извршија вкупно 122 интервенции, а едно лице се транспортираше до ГХБ Св.Наум Охридски -Скопје.

Обезбедување на турнирот "Гази Баба Куп 2019"

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.