Пребарувај по датум:
2019-10-31

Посета за размена на искуства

Посета за размена на искуства

На 28, 29 и 30.10.2019 беше реализирана тридневна посета за размена на искуства од страна на Украинска делегација составена од два претставника од Министерството за труд и социјална политика на Украина и двајца претставници од Украинскиот Црвен Крст. При посетата беа споделени искуства од работата и процесот на развој на негата во домашни услови на Црвениот крст на  град Скопје. Беа разработени предизвиците, како и практиките на работата на Црвениот крст на град Скопје во врска со социјалните услуги и сервисите за домашна нега и асистенција. На дел од сесиите значаен придонес дадоа и претставниците од Министерството за труд и социјална политика на РСМ. Посетата беше значајна и за двете земји и овозможи споделување на меѓународни искуства од областа на негата во домашни услови.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.