Пребарувај по датум:
2019-10-07

Твининг програма со Телемарк Црвен крст

Твининг програма со Телемарк Црвен крст

20 претставници од Црвен крст Телемарк – Норвешка, изминатиот викенд престојуваа во Скопје и Струга со 15 претставници на Црвен крст на град Скопје. Посетата е во рамките на Твининг програмата која Црвен крст на град Скопје ја спроведува со Телемарк Црвен крст изминативе 4 години.  Вмрежувањето на волонтерите и можност за размена на искуствата,  особено кога станува збор за меѓународно искуство, влијае на мотивираност и поголемата посветеност на волонтерите што беше и појдовна точка за развивање на еден ваков модел. Токму тоа и го добивме преку збратимување на двете организации преку Твининг програма. Темите на работилницата беа избрани од страна на двата тима според интересите на волонтерите и тоа: дисеминација, трговија со луѓе, социјални претпријатија, работа со и на социјалните медиуми и работа со волонтери. Веќе во ноември не очекува следна средба на која ќе биде подготвен планот за реализација на активности за 2020 година во рамките на Твинингот.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.