Пребарувај по датум:
2019-09-20

Запознајте ја…

Запознајте ја...

Сања Матовска има 20 години, студент е на Правен факултет, а веќе 5 години е активен волонтер во Црвен крст на град Скопје. Сања вели, дека во Црвениот крст ги стекнала вистинските вредности, научила корисни нешта и се стекнала со вештини со кои денеска е подобар човек. Таа е среќна кога му помага некому. Многу и се важни активностите кои ги реализираат со Клубот на млади, а се наменети за децата со посебни потреби. Таа сака да минува време со овие деца, ги сака нивните насмевки. Заради својата посветеност таа беше избрана и за лидер на Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје. Сања, оваа година имаше можност да не претставува и на младинската конференција во Солферино, Италија во лулката на Движењето на Црвениот крст и Црвена полумесечина од каде носи прекрасно искуство и незаборавни моменти.  Повеќе од 130 земји имаа свои младински претставници и со своето знаење таа придонесе за градење на поликтики за младинско работење во рамките на нашето Движење.

Таа порачува дека секој треба да волонтира бидејќи на тој начин се отвараат нови видици, добиваат многу шанси, прекрасни пријателства и искуства за цел живот.

Сања има поддршка од своето семејство за својот волонтерски ангажман, а заради својот позитивен пример таа поттикнала свои другари да се вклучат во Црвениот крст.

И ние во Црвениот крст на град Скопје се гордееме со Сања и со секој еден волонтер. Заедно сме посилни.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.