Пребарувај по датум:

ЛИЧНА АСИСТЕНЦИЈА НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Во април 2018-та година Црвен крст на Северна Македонија започна со имплементација на социцјалниот сервис „Персонална асистенција на лица со попреченост“, како дел од програмата на Владата за лицате со попреченост. Од започнување на програмата Црвен крст на град Скопје низ три сертифицирани тренинзи има обучено 60 персонални аситенти на лица со попреченост. Оваа програма е посветена на воспоставување на секојдневна персонална асистенција и оспособување на лицата со попреченост за највисок степен на независност во исполнувањето на нивните интереси и потреби. Овие интереси и потреби  се поврзани со секојдневните активности и независното живеење, но можат да бидат и поврзани со работа или вработување, социјални релации, инклузивно партиципирање во заедницата итн.

Персоналната асистенција на лица со попреченост е дел од системот на социјална заштита и претставува процес кој е детерминиран и воден од потребите на лицата со попреченост. Системот на социјална заштита бара постојано унапредување и развивање на правата и законските обврски кои гарантираат самостоен и независен живот за лицата со попреченост.

Социјалниот сервис персонална асистенција на лица со попреченост претставува процес на обезбедување на помош и поддршка за лицата со попореченост од страна на некое друго лице. Услугата го подобрува степенот на независно живеење на лицата со попреченост и им овозможува рамноправно учество во општеството како и останатите граѓани, притоа застапувајќи го социјалниот модел и пристап кон попреченоста. Воедно, иако персоналната асистенција директно му помага на корисникот на оваа услуга, индиректно му помага на целото семејство и го олеснува и подобрува квалитетот на животот на целото семејство. Лицата кои можата да бидат опфатени со услугата персонална асистенција се лица од 18 до 64 години, со тежок или најтежок физички хендикеп и слепи лица.

Персоналниот асистент учествува во планирање, испорака и следење на услугата за персонална асистенција. Опфатени се следниве сегменти:

  • Помош и поддршка во домот на корисникот
  • Помош и поддршка на работно место, во високообразовниот процес, неформално образование или во професионална рехабилитација
  • Помош и поддршка во заедницата во која живее корисикот

На територија на град Скопје потребата од ваков тип на поддршка за лицата со попреченост е многу голема, затоа Црвен крст на град Скопје се фокусира организирање на што повеќе сертифицирани тренинзи, со кој ќе се обучат што повеќе персонални асистенти и помогне на што повеќе загрозени лица и на нивните семејства. Од друга страна, проценките, поврзувањата, квалитетот на услугата е континуирано мониториран и евалуиран од страна на стручниот тим при Црвен крст на град Скопје, со цел да се обезбеди што понезавицен и поквалитетен живот на лицата со попреченост.

Координатор на одделот, Тихана Обрадовиќ Чингарова – tihana.obradovic@hotmail.com

Александра Божинова, одговорен соработник – a.bozinova@hotmail.com

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.